После 11 години работен стаж во ЈП Охридски Комуналец Охрид, како референт по наплата, нашиот колега Димитри Симончески заминува во пензија!
Нашето претпријатие му посакува среќни пензионерски денови, исполнети со здравје, среќа, радост, да биде секогаш позитивен и насмеан како со своите најблиски така и со пријателите и сите оние кои му значат во животот.