АктуелноОхрид

Отец Наумоски: Да кажеме СТОП на еден,,така наречен празник” !

Ноќ на вештерките-Halloween
Да кажеме СТОП на еден,,така наречен празник”, а сакаат да ни го наметнат под терминот,,забава за децата”, па се користи најчесто како проект на часовите по англиски јазик и во градинките како повод децата да дојдат маскирани исклучиво во страшни ликови.
Halloween-ската поворка,а и самите костими претставуваат враќање на предхристијанскиот пагански празник на Келтите Samhain, кој го добил своето име по нивниот пагански бог,ден кога мртвите души се враќале меѓу живите. Издлабената тиква во облик на мртовечка глава со запалена свеќа е најпрепознатлив симбол на Helllowen, кој ја симболизира,,душата која скита”. На овој ден се прават разни ритуали поврзани со окултизмот кои вклучуваат жртвување и други перверзии.
Ова верување нема никаква врска со нашата вера и не е дел од нашата култура,затоа не треба да се прифати ни како забава.Ние треба да ги научиме децата да го слават Животот! Како што ни говори св.ап.Павле:,,А понатаму,браќа мои,на она што е вистинско,што е чесно,што е праведно,што е чисто,што е љубезно,што е достојно за слава,на она што е добродетел,што е за пофалба,само на тоа мислите!
На 31 Октомври се прославува Евангелистот и Апостолот Христов Лука, земи ги децата и појди во Црква! На Литургијата се се осветува,макар и на кратко,поставуваме свети во присуството на толкава светиња:Крвта и Телото на Самиот Господ Исус Христос! Пред толкава сила ѓаволот се повлекува! На тој начин,православниот родител треба да се спротиставува на овој отворен сатанизам и беззаконие! Нека ја слават смртта оние што ја сакаат,ние пак го славиме Оној,кој смртта со смрт ја победи,Господ Исус Христос. За крај родители и учители да внимаваме на нашите деца.
Со Божји благослов отец Ристе Наумоски.