АктуелноОхрид

СВР затекна растовар на 7 метри просторни нежигосано дабово огревно дрво – следи соодветна пријава

На 29.10.2022 година во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Охрид, на улицата „Стив Наумов“ затекнаа растовар на дабово огревно дрво од товарно возило „Фолксваген Транспортер“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на 34 годишен жител од селото Мешеишта, општина Дебарца. Од извршената контрола, констатирано е дека се работи за околу 7 метри просторни нежигосано дабово огревно дрво што, илегално се транспортирани и доставени до 44 годишен Охриѓанец. Дрвната маса и товарното возило се одземени и предадени на претставник на Шумската полиција за понатамошна постапка по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид