На 28-10-2022 година, при претрес извршен по судска наредба во домот на 57 годишен охриѓанец полициските службеници пронајдоа еден сигнален пиштол марка „Ekol Dicle“ калибар 9 милиметри кој, го поседувал без соодветна документација. Истиот, врз основа на членот 396 од Кривичниот законик е одземен, а лицето е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
извор: СВР Охрид