На 27.10.2022 година во 11 часот, при извршена контрола кај месноста „Страчка“ во атарот на селото Подмолје-општина Дебарца, полициските службеници од СВР Охрид пронајдоа пресечени 10 стебла дабово дрво со висина од 4 метри. Дрвата биле одземени и предадени на Шумската полиција Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
извор: СВР Охрид