АктуелноОхрид

Јавен повик за член на Локалниот младински совет во општина Охрид

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕН ВО ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
октомври 27, 2022 0
Врз основа на член 73 став 7 од Статутот на Општина Охрид, Локалното младинско собрание на општина Охрид објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ЧЛЕН ВО ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласно Законот за младинско учество и младински политики објавен во Служен весник на РМ бр. 10 од 16.01.2020 година, се наметнува потреба од формирање на Локален младински совет на општина Охрид.

Бројот на членови на младинскиот совет на општина Охрид изнесува 7 од кои најмалку 40 % припаѓаат на помалку застапениот пол.

Членовите на локалниот младински совет на општина Охрид имаат мандат од две години со право на уште еден избор.

Изборот на членови на младинскиот совет на општина Охрид го прави Локалното собрание на млади, на непосредни избори со тајно гласање.

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Јавниот повик е отворен за претставници на: младински организации, организации на млади, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои се активни на територијата на општина Охрид како и поединци кои имаат искуство со младински активности кои ги исполнуваат следните критериуми:

Да имаат активности на територијата на општина Охрид;
Да се: жители на општина Охрид и да бидат на возраст од 15-29 години;
Да имаат искуство со младински активности и проекти;
Напомена: Право на учество немаат членови на подмладоци на политичките партии затоа што се работи за испразнето место од страна на невладиниот сектор.

III. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Аплицирањето по однос на јавниот повик се врши електронски со поднесување на пријава која е составен дел на овој јавен повик во PDF формат на следната емаил адреса: sovetnamladiohrid@yahoo.com

Апликантите задолжително треба да ги достават следните документи:

Унифицирана пријава;
Мотивационо писмо за учество во Локалниот младински совет;
CV – со наведени активности и постигнувања во работата со и за млади;
Кратка програма и визија за сопственото учество во Советот (овој дел ќе биде составен дел од унифицираната пријава)
Доставените пријави нема да бидат разгледувани по истекот на рокот на Јавниот повик.

Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Јавниот повик трае 7 дена од денот на објавувањето на веб страната на општина Охрид www.ohrid.gov.mk

Кандидатите кои поднеле уредни пријави ќе бидат поканети истите кратко да ги образложат пред членовите на локалното собрание на млади на општина Охрид по што ќе следува тајно гласање за избор на членови на локалниот младински совет

IV. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 046 262 492/262 493 (во Одделение за млади и невладини организации).

 

 

општина Охрид