На Општинските натпревари во кошарка организирани од Сојузот за училишни спортови, двете наши екипи, и машката и женската, остварија победи и се пласираа на регионалните натпревари. Машката екипа беше подобра од екипата на СОСУ “Св Кирил и Методиј” со резулатат од 48:36, а женската против истиот противник беше подобра со резулатат 28:13. Голем браво за момците и девојките и успех во понатамошните натпревари!!!!
Гимназија Охрид