сабота, ноември 16, 2024
АктуелноОхрид

Одбележување на месецот на менталното здравје на младите

На 10 -ти октомври се одбележува Светскиот ден на менталното здравје, па така  и целиот месец октомври е во знакот на ова одбележување . Оваа иницијативата е покрената од Светската федерација за ментално здравје во 1992-ра година, а со цел да се сврти вниманието на јавноста и да се покрене свеста за превенција и навремен третман на менталните растројства. Менталното здравје е многу повеќе од недостаток на болест; тоа е и добросостојба којашто вклучува капацитет за формирање и одржување на релации, учење, работа, одмор и разонода, како и можност и право на лични одлуки и избори.

И нашата гимназија се приклучува кон оваа иницијатива преку настан кој ќе се одржи во среда 26-ти октомври во просториите на Гимназијата, со почеток во 12 часот.

Програма:

*Воведен збор  на  Алберта Гулицовска, м-р психолог во ОСУ „Св. Климент Охридски“;

* Проекција на уметнички творби на тема „Ментално здравје“ изработени од учениците од втора година, под менторство на проф. Виданка Мојсоска;

*Дискусија на тема „Дилеми околу употребата на медикаментозна терапија“ со  д-р Елена Сотироска, психијатар од  приватна специјалистичка  ординација;

*Авторски филм на тема „ Депресија“, подготвен од Наталија Танеска  ученичка во  II-3 клас  и Марија Зороска  ученичка во II-2 клас ;

*Дискусија на тема „Анксиозност“ со  м-р Ранко Раткушиноски,  психолог во „Црвен Крст“ Охрид;

Ве покануваме да присуствувате на овој настан и заедно да откриеме како подобро да се грижиме за себеси, како да си го олесниме управувањето на нашите мисли и чувства, како да се справуваме со анксиозноста и паничните напади и како да не се доведеме до burn out. Исто така ќе се обидеме  да ги разрешиме дилемите околу користењето на лекарства во надминувањето на психолошките проблеми.

 

Гимназија Охрид