АктуелноОхрид

СВР поднесе кривична пријава против жител од Татеши откако бил затекнат на Туристичка како врши јавен превоз без лиценца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 52 годишен жител од с.Долно Татеши, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 10.09.2022 на бул.„Туристичка“ во Охрид, пријавениот бил затекнат како управува патничко возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, со кое вршел превоз на патници без да поседува соодветна лиценца.

извор: МВР