Полцијата започнала истрага поврзана со лице вработено во „Здравствен дом – Вевчани“ од како од страна на „Лекарска комора“ била поднесена приајва за лекарот, дека нема завршен медицински факултет – дознава News1.mk од извори во полицијата.
Полициски службеници веќе го посетиле „Здравствен дом – Вевчани“ каде бил извршен претрес во просториите во кои работел лекарот, биле одземени документи, како и печатите, а биле сослуишани и одговорните лица и побарале одредена документација поврзана со лекарот за кој се прави истрага.
Истрагата продолжува и во Скопје и Штип во врска со тоа како ова лице се стекнало со потребната документација неопходна да основа работен однос во здравствената установа во Вевчани и се проширува врз други лица кои веројатно учествувале во фалсификувањето на документацијата.
news1.mk