Викендов што помина Таеквон-до клубот „МАСТЕР“ Охрид, настапи на Таеквондо ИТФ турнир „Корча Опен 2022“ во Корча, соседна Албанија, каде што учествуваа над 150 натпреварувачи од 11 клубови од кои 3 клубови од Македонија.
Нашиот клуб под водставо на Саша Поповски носител на црн појас V дан, учествуваше со тројца натпреварувачи кои учествуваа во 2 дисциплини форми (борба со замислен противник) и спаринг борби.
Ова е повторен рестарт на првиот Теаквон-до ИТФ клуб во Македонија, а на овај натпревар докажавме дека сеуште можеме да вадиме врвни натпреварувачи, изјавува трнерот на клубот Саша Поповски, кој го донесе овај спорт во Македонија , а воедно е и почесен претседател на Таеквон-до ИТФ во Македонија.
Истотака Таеквон-до клубот „МАСТЕР“ Охрид, наредниот викенд 22.10 2022, најавува и учество на Меѓународниот А класа Таеквондо ИТФ турнир „Србија Опен 2022“ во Нови сад, Србија.
Таеквон-до клубот „МАСТЕР“ Охрид врши и упис на нови членови кои сакаат да го изучуваат најатрактивниот боречки спорт.
Освојувачи на медали се:
-Михаил Јоноски 1 место (злато) борби , 2 место (сребро) форми
-Анастасија Трифуноска 2 место (сребро) форми
-Михаил Трајкоски 3 место (бронза) форми