На 16.10.2022 во 13.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај превојот „Буково“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“, управуван од 20 годишен жител од Охрид, мотоцикл „сузуки“, управуван од 21 годишен Охриѓанец, и двајцата со охридски регистарски ознаки, и патничко возило „поло“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 59 годишен жител од битолското село Бистрица. Во несреќата, двајцата мотоциклисти се здобиле со тешки телесни повреди, додека 19 годишен охриѓанец, сопатник на првиот мотоцикл, возачот на возилото „поло“ и сопатничките 49 годишна и 55 годишна и двете од Битола, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.
извор: СВР Охрид