ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ.
11 Октомври е симбол на идеалот за Македонија и патриотизмот.
Оруженото востание против фашистичкиот окупатор е одек на хероизмот на македонскиот народ и борбата за независна и слободна Македонија.
Делегација на Општинскиот Комитет се поклони и положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето од НОБ во градскиот парк.
Нека е вечен празникот 11 Октомври!
Нека е вечна Македонија, се вели во честитката од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.
извор:Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид