АктуелноОхрид

Пријава за лице кое фрлило предмет кон бугарскиот клуб на протестот во Охрид

СВР Охрид соопшти дека на протестот одржан денеска во Охрид, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир.

Полициските службеници евидентираа едно лице кое на јавно место, кон одредена група граѓани фрли со предмет“, се вели во соопштението.

Против него ќе биде поднесена прекршочна пријава по член 5 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

извор: СВР Охрид