АктуелноОхрид

Кривична пријава за две лица од Охрид и мерка притвор за едниот

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23 и 25 годишни и двајцата од охридското село Косел, поради постоење основи на сомнение дека, првопријавениот сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а двајцата заедно сториле казненото дело „незаконито влијание врз сведоци“. На 14.09.2022, при претрес извршен по судска наредба во домот на 26 годишниот., полициските службеници пронашле и одзеле кокаин. Тој, претходно, заедно со другарот во селото Велгошти со употреба на сила внеле 25 годишно лице во возило, по што го однеле во село Рамне каде физички го нападнале. Судија на претходна постапка, на едното лице му одреди мерка притвор до 30 дена.

извор: СВР Охрид