На 11.09.2022 во периодот од 15.00 до 21.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни акциски контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 104 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-17, Струга-28, Кичево-32, Дебар-27). Акциските контроли ќе бидат интензивирано со цел зголемување на сообраќајната безбедност и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот.
извор: СВР Охрид