АктуелноОхрид

(ФОТО) Како учесниците на работилницата на УНДП го пречекаа Претседателот, дали му се допаднаа имињата на групите?

Претседателот Стево Пендаровски и покрај тоа што јавно се откажа од покровителство на Охридскиот пливачки маратон, поканет или не, се појави на истиот. При тоа од неговиот кабинет тврдеа дека посетата била во својство на покровител на истиот.

Покрај тоа што Претседателот ги поздрави учесниците на маратонот, искористи да ги посети и децата кои беа дел од работичницата за екологија на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). На истата која се спроведе во градскиот парк на целта каде што пристигнуваа маратонците Претседателот се соочи со чудна случка. Имено групите во кои беа дечињата учесници на работилницата беа насловени: „Илинден“, „Македонија вечна“, „Рибари“, „Никогаш Северна само Македонија“ и „Личнид“.

Не знаеме дали и колку Пендаровски беше задоволен од ова што го виде, но јасна е пораката која дечињата му ја пренесоја на Претседателот.

 

извор: NEWS1.MK