вторник, ноември 26, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Сите се забавувавме како да сме среде созона, ова му требаше на Охрид – сите презадоволни од „Охридскиот фестивал на виното“

Убава музика за сечиј вкус, незаборавна забава зачинета со убаво вино. Вака можат да се опишат изминатите три вечери  на „Кеј Македонија“ каде се одржуваше „Охридскиот фестивал на виното“.

Охриѓани и гостите презедоволни. Велат ова му недостасуваше на Охрид. Вака треба да е Охрид постојано. Сите се забавувавме како да сме среде созона. Ова му требаше на Охрид.

За потсетување од 8ми до 10ти Септември на улица „Кеј Македонија“ се одржа „Охридски фестивал на виното“. За добра забава беа  задолжени охридските бендови „Камелеон“ и „Бекдор бенд“ , а свој настап имаше и Ѓоко Танески. На фестивалот настапија и Дј Винофест, Фолтин, Александар Јосифовски, Ареа, Наум Петрески, Нина Јанева и Супехикс.

Дополнително за добро расположение свој придонес дадоја  и македонските винарии кои убавите музички звуци  ги надополнија со квалитетно македонско вино.

„Охриѓани и гостите заслужуваат да имаат вакви убави културни манифестации“, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.

видео: Охрид 1