Традицијата и континуитетот на охридскиот пливачки маратон продолжи. Успешно организиран пливачкиот маратон во Охрид – гордост на цела Македонија, благодарение на градоначалникот Кирил Пецаков и локалната самоуправа. Победник на истиот е аргентинецот Матијас Дијас Хернандес. Втор на целта пристигна Франческо Гетини од Италија, а трет беше македонецот Евгени Поп Ацев, а по него пристинга и другиот учесник од Македонија, Александар Илиевски.
На чинот на пристигнувањето на маратонците на градското пристаниште, посебна убавина приредија и падобранците од „Аеро клуб Скопје“ – Сашо Петар Стојаноски, Јане Стефанов, Иван Спиридонов и Ели Крајческа на свој начин дадоа придонес во збогатувањето на маратонската програма.
извор: Охрид 1