среда, ноември 20, 2024
АктуелноОхрид

Денес направете фанурија погача, во чест на Св.Фануриј за исполнување на желбите

Фанурија е сладок леб/погача/колач кој се прави во чест на светецот великомаченик Фануриј, чиј празник се празнува на 9 септември и за кој се верува дека помага во исполнување на желбите на луѓето.

Правило при припрема на овој колач е да биди посен и да содржи 9 состојки. Но, најважно од се е оној кој го прави лебот да се помоли пред да почне да го припрема, да си замисли една желба за себе и да посака здравје, мир и среќа во своето семејство. Во овој леб можи да вклучите мармалад, цимет, овошје, ореви, какао и тн.

Иако има многу рецепти на интернет за тоа како се прави фанурија – нема строго правило во однос на состојките освен она дека треба да бидат 9 посни состојки и дека треба да биде направена со љубов.

Овој рецепт е малку збогатен со тоа што направивме и какао глазура за да биди уште повкусен.

Состојки

  1. 500 мл кисела вода
  2. 2 пакетчиња прашок за пециво
  3. 6 филџани брашно
  4. 1 лажица цимет
  5. 2 филџани шеќер (плус 1 за глазурата)
  6. 2 филџани масло (и уште 2 лажици за глазурата)
  7. 3 лажици какао (и уште 50 г за глазурата)
  8. 100 гр сечкани лешници (половина во тестото, половина за над глазура)
  9. 1 филџан обична вода за глазурата

Припрема:

Се мешаат сите состојки за тестото: киселата вода, шеќерот, брашното, прашокот за печиво, какаото, маслото, половина од лешниците и циметот. Изматете со миксер за да се изедначи смесата. Истата се претурва во тркалезно тавче 28-30 број. Може да се печи на хартија за печење за потоа лесно да ја извадите и да ја префрлите на чинија за сервирање.

  1. Се печи во загреана рерна на 150 степени околу 50 минути.
  2. Пред крај на печењето, направете ја глазурата: еден филџан вода ставете да врие со 1 филџан шеќер. Кога ќе почне да згуснува, додадете го какаото претходно растворено во ладна вода и масло 2 лажици. Убаво мешајте додека течноста не се направи мазна без грутчиња и нека вари некое време дур не се згусни малку за да може да се нанесува полесно. Глазурата се нанесува дур е жешка и во течна состојба врз испечената фанурија. Се попрскува со останатите лешници.
  3. Откако ќе се излади и ќе се стврдне глазурата, може да се послужи.
  4. Нека е на здравје и да ви се исполни желбата!