АктуелноОхрид

(ФОТО) Се повеќе Охриѓани се жалат на сметките за струја, велат некои денови се плаќаат по два пати

Се повеќе Охридѓани реагираа дека на сметките за струја некои денови се плаќаат по два пати. До редакцијата на Охрид 1 и денеска испратија вакви сметки, но и објаснувањето кои им е испратено од ЕВН.

  • Платено ми е до 07. јули, а ме навраќаат повторно со новата сметка на 03 јули, а одговорот од ЕВН нема смисла, вели читателка на Охрид 1, позната на редакцијата.

Инаку граѓаните веќе неколку денови реагираат на сметките кои ги добија од ЕВН. Велат дека струјата за одредени денови се наплаќа по два пати. Тие објавуваат на социјалните мрежи сметки на кои јасно се гледа дека одредени денови им се поклопени, поточно дека за одредени денови им е наплатени два пати.

Повеќе на оваа тема… И Охриѓани револтирани од сметките за струја, велат некои денови се плаќаат по два пати

извор: Охрид 1