Денес се навршуваат 13 години од потонувањето на бродот „Илинден“, при што загинаа 15 туристи од Бугарија.
Несреќата се случи на 5-ти септември 2009 година, во 10:33 часот, кога на околу 200 местри од брегот на езерото кај автокампот „Елешец“ се преврте и потона туристичкиот брод „Илинден“. Притоа загинаа 15 од 56-те патници, туристи од соседна Бугарија, кои патуваа на излет во Свети Наум.
