СДСМ е партија која во своите приоритети високо горе го поставува образованието и сите негови чинители и води беспрекорна грижа за добробитот на децата и наставниците.
Владата на СДСМ постојано вложува во образованието и капиталните инвестиции. Охрид е град кој може да се гордее и пофали со помошта која ја има од Владата во делот образование.
Во насока на поддршка на образованието во целост е активноста на Форумот на жени на ОО на СДСМ Охрид со која изминатите денови беше организирана хуманитарна акција под мотото ” Да се множат насмевки” на која несебичен придонес дадоа функционерите, жени, пензионери, млади и воопшто членови на ОО СДСМ Охрид. Собраните материјали од акцијата ќе бидат донирани онаму каде што ќе најдат вистинска примена за 1 септември да биде среќен за сите подеднакво !!
Воедно, советниците од СДСМ и коалицијата вчера на седницата на Советот на Општина Охрид воведоа нова пракса, различно од досега кога минатата опозиција гласаше против точките за образование, гласајќи ги сите Извештаи и Програми во делот на образование позитивно, давајќи им со тоа значење на трудот на наставниците кои се една од главните алки во воспитно- образовниот процес.
Оваа одлука, донесена во координација со Општинската организација на СДСМ, наиде на задоволство од страна на сите советници во Советот.
-стои во ФБ објавата на ОО СДСМ Охрид.