Tематската антологија „Музика, секогаш и уште (поезијата во дијалог со музиката)“, беше промовирана синоќа во рамки на „Струшките вечери на поезијата“, во Центарот за култура „Браќа Миладиновсци“ во Струга.
Антологијата содржи 250 песни од македонски и странски поети, а сите ги обединува врската со музиката. Книгата ја приреди македонскиот поет, раскажувач, есеист, теоретичар и преведувач Владимир Мартиновски.
Антологијата е приредена специјално за 61. издание на „Струшките вечери на поезијата“, кои годинава се одржуваат под мотото „Ритамот на стихот, ритамот на животот“.
novamakedonija.mk