АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Дијаспората годинава си ги бара нивите – експропријациите ги пореметија одморите на иселениците

Првото пост пандемиско лето ги врати во земјава иселениците кои секоја година пред пандемијата беа присутни како значаен дел од економијата на земјава. Но, годинава дел од нив заглавиле во судовите и кај нотарите барајќи решение за проблемите со експроприраното земјиште по разни основи.

До „Охрид 1“ стигнаа десетина пораки од наши иселеници , најголем дел од нив од Дебрца, но ги има и од Охрид и од годинава и од Струга заради процедурите за автопатот кон Ќафасан, на кои им е експроприран имот во минатите години.

Заради градбата на автопатот, најголем дел од нив се од Дебрца и тие не се согласни со цените по кои им било експроприрано земјиштето.

Во моментов е суште во тек изградбата на автопатот Охрид-Кичево, а во финална фаза е и проектот за автопатот према граничниот премин Ќафасан, во тек се огромен број на постапки за експропријација на земјишта.

„Во поглед на тоа по поднесување на барањето за екпропријација од страна на подносител до органот надлежен за екпропријација, органот по предлогот за експропријација закажува расправа на која ги повикува сопственикот на недвижноста или носителите на други имотни права на недвижноста што е предмет на експропријација и предлагачот на експропријацијата. На расправата се утврдуваат постоењето на јавниот интерес, правото на сопственост и другите имотни права, видот и висината на надоместот како и други факти и околности од значење за експропријацијата.“ – објаснува адвокатот Стојан Велјановски и појаснува дека  доколку на расправата се постигне соглсност околу надоместокот, органот надлежен за екпропријација носи решение со кое го усвојува предлогот за екпропријација.

„Доколку не се постигне согласност околу надоместокот, органот надлежен за екпропријација носи решение за екпропријација, што значи дека со тоа решение се одлучува само за тоа дека земјиштето се експроприра, а предметот со сите списи се доставува до судот, за во вонпарнична постапка да се утврди надоместокот кој треба да му се исплати на претходниот сопственик, оваа постапка е формална постапка во која единствено се определува надоместокот за имотот кој е опфатен со решението за екпропријација, но мора да се внимава дали со решението е опфатен целиот имот кој што фактички се екпроприра.“ – вели Велјаноски и додава:

„Што значи тоа сигурно ќе се запрашате, тоа значи дека во пракса може да се случи на предметната недвижност да се наоѓа повеќе имот, во смисла на посеви, растенија, плодоносни дрва и слично, кој може да не биде опфатен во решението, а кој фактички се наоѓа на недвижноста која се експроприра, за што треба да се поведе дополнителна постапка по правилата на парничната постапка од страна на претходниот сопственик.“ – вели адвокатот Велјаноски и додава дека овие постапки речиси секогаш завршуваат во корист на сопствениците.“ – вели тој и заклучува:

„Со оглед на тоа дека се работи за покомплицирана постапка која речиси секогаш завршува во корист на претходните сопственици, а сето тоа го зборувам во поглед на воспоставената судска пракса, претходните сопственици како неуки странки во постапката треба да се консултираат со адвокат, односно да ангажираат со цел да си ги заштитат своите интереси.“– вели адвокат Стојан Велјаноски.