Ветено- НЕСТОРЕНО ! 





Со Ребалансот на Буџетот на општина Охрид за 2022 година локалната власт на ДПМНЕ на чело со Градоначалникот Пецаков во година на најголема светска економска и енергетска криза издвојува околу 1.200.000 денари за Фестивал на виното и музиката.
За Фестивалот во зачеток кој го замислиле да го создадат има средства во Буџетот на општина Охрид за 2022 година, но затоа НЕМА СРЕДСТВА за:
– реконструкција на Домот на култура во с. Горно Лакочереј,

– реконструкција на Домот на култура во населба “Радојца Новичиќ”

– партерно уредување на парк кај споменикот на Ден Долард,

– партерно уредување на плоштадот Крушевска Република.

Понатаму, средствата за капитални инвестиции во Програмата за уредување на градежно земјиште СЕ НАМАЛУВААТ за над 26 милиони денари. 

Следно, во Програмата за изработка на урбанистички планови предвидените средства СЕ НАМАЛУВААТ за 1 милион денари. Да потсетиме дека Градоначалникот Пецаков формира посебна Комисија за забрзување на процесот за изработка на урбанистички планови со посебни надоместоци за членовите изгласани од мнозинството во Советот, па локалната гласно се фалеше дека многу голема ажурност ќе покажат во овој домен, но еве очигледно ветениот бум од урбанистички планови ЌЕ ПОЧЕКА ЗА НЕКОИ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА.

НЕМА ДА ОТПОЧНЕ ни ветеното покривање на игралиште за тенис со ПВЦ покрив на ЈП.”Билјанини извори” со предвидените средства од 2 милиони денари…
Оваа локална власт стана препознатлива по лесно дадени ветувања кон граѓаните, но и по уште полесно неисполнување на дадените ветувања.

ОО СДСМ Охрид