четврток, март 28, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Се прошири опасноста на  АСНОМ – од денеска забрана за движење на дел од улицата

Се прошири опасноста на  АСНОМ. Од денеска забрана за движење на дел од улица. Препреки се поставени на самиот кружен тек со кои се пренасочува сообраќајот на другите улици.

Единствена институција која до сега се огласи по проблемот на АСНОМ е Општина Охрид. Ни една друга државна институција не излегува со информации. Молчат и од СВР Охрид, кои до сега требаше да кажат од кои причини го затворија патот и дали колку е безбедно да се движат пешаците и автомобилите.
Ни една државна институција не кажува кој ќе ја надохнади предизвиканата штета. Градоналникот на Охрид Кирил Пецаков преку ја информираше јавноста за деталите кои локалните власти во Охрид ги превзедоа по одронот на улицата АСНОМ, за заштита на интересот на градот од последиците предизвикани од неправилностите при градбата на инвеститорот ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид“.

Пецаков напомена дека општинските надлежни служби, во присуство на вешто лице и асистенција на полиција, извршија увид и интервенција на улица АСНОМ, поради неправилности во градежните работи на заеднички станбен објект. При увидот, утврдено е дека инвеститорот ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид“, гради спротивно од одобрението за градење. Од страна на градежниот инспектор утврдено е дека, инвеститорот узурпирал дел од соседната катастарска парцела и направил големо оштетување на улицата и водоводната мрежа.
Од страна на овластениот градежен инспектор изготвено е решение за прекин на изградбата, со дополнително решение за надомест на причинетата штета.

Според Законот за правното лице ќе следат и соодветни законски управни акти.
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид активно работеа повеќе од 24 часа на санација на големиот дефект на улицата “Асном” и покрај непристапноста и тешките услови за работа на терен.

извор: Охрид 1

фото: Охрид 1