АктуелноОхрид

Ја пресекле и украле бакарната цевката на централниот довод за медицински гас до операционата сала во Нефрологија Струга – кривична пријава за две лица

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.В.(29) и Б.В.(23), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“. Тие, во периодот од март до мај оваа година, во кругот на ЈЗУ„ Специјална болница за нефрологија“, на улицата „Партизанска“ во Струга, со употреба на остар алат, насилно пресекле и одзеле повеќе бакарни цевки. На 30.05.2022 година, пријавените ја пресекле цевката на централниот довод за медицински гас до операционата сала во зградата при што предизвикале дефект на системот за довод на медицински гасови.

извор: СВР Охрид