АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Марко Пејчиновски денеска ја препливува делницата од Струга до Пештани долга 21 километар

Охридскиот супер херој со челична волја, Марко Пејчиновски, претпладнево го започна петтиот подвиг ова лето на Охридското Езеро. Марко денеска ја препливува делницата од Струга до Пештани долга 21 километар.

Претходно, Марко ги исплива релациите Радожда Охрид (14), Радожда – Градиште (18), Радожда – Трпејца (22) и Струга – Св. Наум (30).

До крајот на летото Марко ќе преплива уште пет делници на Охридското Езеро, во вкупна должина од 250 километри.

извор: ФБ Марко Печиновски