петок, ноември 22, 2024
Актуелноглавни-вестиНаш изборОхрид

Пецаков со детали околу одронот на АСНОМ и неправилностите при градбата

Градоналникот на Охрид Кирил Пецаков преку официјално објавен став ја информира јавноста за деталите кои локалните власти во Охрид ги превзедоа по одронот на улицата АСНОМ, за заштита на интересот на градот од последиците предизвикани од неправилностите при градбата на инвеститорот ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид“
Градоначалникот Кирил Пецаков со мерки против инвеститорот со цел заштита на интересот на градот
Градоначалникот Кирил Пецаков со мерки против инвеститорот со цел заштита на интересот на градот
Денес општинските надлежни служби, во присуство на вешто лице и асистенција на полиција, извршија увид и интервенција на улица АСНОМ, поради неправилности во градежните работи на заеднички станбен објект.
При увидот, утврдено е дека инвеститорот ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид“, гради спротивно од одобрението за градење. Од страна на градежниот инспектор утврдено е дека, инвеститорот узурпирал дел од соседната катастарска парцела и направил големо оштетување на улицата и водоводната мрежа.
Од страна на овластениот градежен инспектор изготвено е решение за прекин на изградбата, со дополнително решение за надомест на причинетата штета.
Според Законот за правното лице ќе следат и соодветни законски управни акти.
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид активно работат повеќе од 24 часа на санација на големиот дефект на улицата “Асном” и покрај непристапноста и тешките услови за работа на терен.
Во текот на денот се очекува да се заврши санацијата со целосно нормализирање на водоснабдувањето.