Од денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид можете да ги побарате следните пет нови наслови од издавачот „Книгохоличари“:
„Од сирак до ѕвезда“ од Мерлин Монро, „Првата жена фараон“ од Полин Геџ, „Француската куртизана“ од А. Г. Морган, „Љубовно писмо до Виски“ од Кенди Стајнeр и „Мајски рози“ од Дот Хачинсон.
Зачленувањето во Библиотеката за деца е 200 а за возрасни 300 денари за една година.
Библиотеката со читатели овој летен период работи од понеделник до петок од 8 и30 до 16 часот.
Годинава за прв пат веќе функционира и 24 часа отворената библиотека наменета за туристите а е лоцирана пред влезот на одделот за зајмување. Во неа може да се зајмат но и да се донираат книги. Ова е понуда плус за посетителите на Охрид .
Во понудата има книги од македонски автори, но и белетристика на англиски, германски и други јазици.
НУ Библиотека