сабота, ноември 16, 2024
АктуелноОхрид

Ковачевски: Грижата и зачувувањето на оваа уникатна и недопрена убавина е нешто што треба да се пренесува како аманет

Денеска го одбележуваме Денот на Охридското Езеро – наша голема природна скапоценост.
На овој ден се потсетуваме на исклучителното значење на овој бесценет воден ресурс кој поседува исклучително висок индекс на биодиверзитет со над 200 ендемски видови кои ги нема на ниту едно друго место.
Грижата и зачувувањето на оваа уникатна и недопрена убавина, со над 100 видови птици кои се гнездат тука, е нешто што треба да се пренесува и на наредните генерации како аманет за сочувување на овој наш бисер од бројните предизвици на современото живеење, пишува премиерот Коваевски по повод Денот на Охридското езеро.