На фотографијата која до нас ја испратија наши читатели се гледа возило за дотур на роба кое е паркирано на самиот тротоар. Камионите за дотур на роба со години наназад паркираат на тротоари и ги уништуваат јавните површини кои потоа се санираат со пари на граѓаните.
Слични ситуации како оваа имаше и пред Маркетот Кипер во центарот на Охрид кога граѓаните реагираа поради откорнати плочки.
На потег е Полицијата која треба да санкционира неред во сообраќајот.
Да ја спасиме реконструираната улица од уништување.
фото: Охрид 1