петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

Крлеска Деспотоска од пред штабот на ОК ВМРО: ДПМНЕ беше синоним на едно време, време на режим ,диктатура и безредие

Се наоѓаме пред партиските простории на ВМРО ДПМНЕ во Охрид , пред еден од објектите кој во своите ѕидови крие криминал докажан во пресуда Талир 2 и представува еден од најголемите корупциски случаи на ВМРО-ДПМНЕ и воопшто во историјата на правото во државата и пошироко, истакна Претседателката на ОО СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата на Деспотоска во целост:

Имено, Врз основа на факти и докази, со судска пресуда е утврдено дека имотот на ВМРО-ДПМНЕ во нашиот град, како и низ повеќе од 30 градови низ државата, заедно со Белиот дворец вреден повеќе милиони евра е стекнат незаконски, со пари од граѓаните.
Фактот дека низ годините наназад,ВМРО-ДПМНЕ на сметка на граѓаните, а во свое име трупаше имот, недвижности, пари и луксуз, недвосмислено говори дека криминалното владеење на ДПМНЕ беше синоним на едно време, време на режим ,диктатура и безредие.
Оваa победа на правдата во еден од најголемите корупциски случаи покажува дека постои правда и по правосилноста на пресудата сиот незаконски стекнат имот ќе биде вратен таму од каде што е одземен ,а тоа се граѓаните.
И затоа апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на неосновани критики, манипулација и бојкоти од страна на ДПМНЕ и да застанеме сите заедно на страната на правдата против оние кои скоро една деценија предводени од осудениот Никола Груески немилосрдно ги трошеа парите на скапи слики,вазни, мермери, скап мебел и што уште не.
Начинот на владеење на ДПМНЕ преку популизмот и манипулацијата со народот во стилот:
Сиромашен народ, силна држава ! Сиромашен народ – послушен народ ! Сиромашен народ – богата власт !
E МИНАТО
ВМРО-ДПМНЕ после ваков докажан криминал и сеуште управувана од осуден криминалец, Никола Груевски преку Христијан Мицкоски, нема веќе ни образ ни легитимитет да зборува за ништо пред народот, а најмалку за економската состојба и животниот стандард на граѓаните.

Не е нашата слика жална, господо од ДПМНЕ како што пишувате, жално е вашето незаконско делување .

извор: ОО СДСМ Охрид

фото: ОО СДСМ Охрид