Со измената на распоредот на средствата во Буџетот на општина Охрид меѓу останатото се пренаменуваат средствата кои беа предвидени за велосипедската патека Охрид-Св. Стефан.
Охриѓани се сеќаваат колку сегашниот Градоначалник одеше на лице место да снима видеа, да се фотографира најавувајќи изградба на модерна велосипедска патека како атракција на градот со привлекување и задржување на посетителите.



Пецаков, а и својствено за ДПМНЕ, почна да си ги покажува кажаните невистини на виделина и едно по едно полека да не им го исполнува ветеното на охриѓани.
За жал ниту охриѓани ниту пак туристите ќе ја видат оваа, за волја на вистината, нереална за реализирање велосипедска патека. Но, не разочарува тој факт, туку разочарува несериозноста во пристапот на Пецаков и ДПМНЕ играјќи си топло- ладно со охриѓани, ветувајќи едно па потоа не исполнувајќи го истото !
Па нели , Градоначалник, за градот беше патеката, кој толку многу си го сакате и кажувавте: Е, вака се сака Охрид ! Веруваме дека го сакате Охрид, само да потсетиме дека Охрид не се сака со лажење и празно ветување на сопствениот свој народ.
На седница на Советот на Општина Охрид, координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата Живка Ангелоска, истакна :

Буџетот треба да содржи проекти за кои е сосема извесна реализацијата во годината во која се предвидуваат, не мора да бидат атракции како што го најавувавте овој проект, нека бидат скромни, но реални и изводливо кои во одреден сегмент ќе го подобрат квалитетот на живеењето на граѓаните „ – истакна Ангелоска.
Ако нешто ветивте…исполнете го ! Бидејќи народот ќе се сети на Вашите игри и непромислени постапки и ќе се сети на Вашите празни ветувања, токму тогаш кога ќе дојде време !
-велат во соопштението од ОО СДСМ Охрид.
