вторник, ноември 26, 2024
АктуелноОхрид

Малчески: МОН има пари за т.н. софтвер на Рашковски, за квази физибилити студии на Зекири ама нема пари за научно истражувачка работа

„Кои се трите сериозни удари кои што оваа Влада на СДСМ и ДУИ им ги зададе на високото образование? Прво, да се разбереме тоа се платите во високото образование. Знаете како, кога вие цело време ги држите универзитетските професори во страв дека не може да си ги задоволат основните егзистенцијални потреби, не е во ред да очекувате дека нешто повеќе ќе направат во делот на науката и истражувањето. Како за споредба, на пример плата на редовен професор на Косово е 1.500 евра, во Босна и Херцеговина 1.700 евра, во Србија е околу 1.900 евра, а да не се говори како е по европските земји како што се Германија, Шведска“, појасни проф. д-р. Самоил Малчески на денешната трибина насловена „Погрешната образовна политика го нарушува стандардот, и го урива системот“.

Малчески додаде дека плата на редовен професор во Република Македонија е околу 650 евра односно околу 39.000 денари.

„Технички персонал во МЕПСО и во ЕЛЕМ земаат околу 30-40.000 денари плата, а редовен професор на универзитет му давате 39.000 денари плата, има ли поголемо понижување и деградирање од ова“, запраша Малчески.

Малчески посочи дека втор сериозен удар на високото образование беше кога запре вработувањето на помлад кадар во универзитетот, асистенти. Филозофскиот факултет е оставен со еден асистент. Педагошките факултети се без асистенти. Природно математичкиот факултет е оставен без подмладок. Потребни се околу 50-60 асистенти за редовно реализирање на наставно научна истражувачка дејност, а денес дали има двајца или тројца асистенти.

„И трето кое што е клучно и битно е ударот врз научно истражувачката работа. Ова е Влада која што историски досега изделува најмалку средства за научно истражувачката работа, како министерство за образование и науки. Тука сме на самото дно. На пример на средствата за кои што се наменети за научно истражувачка работа се 0.00033% од Буџетот на државата. Во Европа тој стандард е 2%, а во земјите во нашето опкружување е 1%. И тука треба да напоменеме дека 50% од овие средства се издвојуваат за покривање на школарини во странство, на странски универзитети, што практично не е научно истражувачка работа“, нагласи Малчески.

Малчески укажа дека МОН во 2021 година има одвоено средства за научни истражувачки проекти за само седум проекти на јавно научни установи во државата. А, МОН има пари за т.н. софтвер на Рашковски, за квази физибилити студии на Зекири ама нема пари за научно истражувачка работа.

извор: ВМРО ДПМНЕ