АктуелноОхрид

(ФОТО) Поставени забавувачи за сообраќај во непосредна близина на детската градинка „Росица“ во населбата Лескајца

Одговоривме на долгогодишните барања на родителите и поставивме забавувачи за сообраќај со соодветна вертикална сигнализација на улица „Пере Тошев“ во непосредна близина на детската градинка „Росица“ во населба Лескајца, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Забавувачите за сообраќај се очекува да ја зголемат безбедноста на дечињата кои секојдневно ја преминуваат улицата.
Согласно проектот за чија реализација е добиена согласност од Министерството за внатрешни работи предвидено е забавувачи на сообраќај да се постават и на останатите градски улици во чија непосредна близина има воспитно- образовни институции и на останати јавни површини кои се „црни“ точки во сообраќајот.
Проектот е дел од годишната програма за работа на Фондот за сообраќај и улици, а се реализира со средства од Буџетот на Општина Охрид.

извор: ФБ Кирил Пецаков

фото: ФБ Кирил Пецаков.