АктуелноМакедонијаОхрид

Во Струшкиот суд започнува судењето за гинекологот кој на родилка и извади матка, јајник и бубрег

Во Струшкиот суд започнува првото рочиште против докторот гинеколог Мухамед Асани, кој на родилката Јилдиз Веаповска и извади бубрег, матка и јајник. Судењето е јавно, а обвинението го поднесе тамошното обвинителство. На рочиштето, ќе се појави и родилката Веапоска која битката ја водеше јавно, објави Република.

54-годишниот гинеколог Мухамед Асани од Струга се гони за сторено кривичното дело – давање здравствени услуги без дозвола за работа.

Како здравствен работник, обвинетиот давал здравствени услуги во простор за кој немал дозвола за работа, односно во една соба од неговиот дом, налик на ординација која не била регистрирана и означена. Во период од 7 години, тој прегледувал бремени пациентки, и им наплатувал по илјада денари, а за примените средства не издавал никаков доказ.

При извршен надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министерството за здравство пред 2 години, било констатирано дека за опремената ординација докторот не поседувал дозвола за работа, по што му беше забрането да извршува здравствена дејност. Инаку, Мухамед Асани беше поранешен директор на струшката болница, кој беше разрешен поради случајот со родилката од Дебар, која при породувањето во Струга остана без бубрег, матка и јајник.

извор: Република

фото: Република