АктуелноОхрид

Општина Охрид се вклучи во одбележување на 30 Мај, Светскиот ден на лица со мултипла склероза – зградата обиена во портокалова боја

Со осветлување на зградата на Општина Охрид во портокалова боја, локалната власт се вклучи во одбележување на 30 Мај, Светскиот ден на лица со мултипла склероза, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во продолжение на објавата градоначалникот додава:

Бројот на новодијагностицирани пациенти со мултипла склероза постојано расте, бидејќи секоја година се дијагностицираат нови 80 до 120 пациенти, а повеќе од 50 пациенти се на листата на чекање за примање на високоефикасна терапија.
Лицата кои се на листата за чекање за терапија се млади, работоспособни и сè уште можат да го дадат својот придонес во општеството, но ако останат и понатаму без терапија, постои ризик за прогресија и појава на неповратен инвалидитет.
Од мултипла склероза во Светот боледуваат околу три милиони лица, меѓу кои околу 1 500 наши граѓани, што не прави земја со висок ризик. Специфично е што болеста е повеќе проширена кај женската популација. Иако е дијагностицирана пред повеќе од илјада години, главниот причинител за болеста сè уште не е познат.

извор: ФБ Кирил Пецаков