АктуелноОхрид

Месната заедница Вишни со реакција за постојаната кражба на шумите

Месна заедница од с. Вишни, општина Струга а немоќна да се справи ниту одбрани од големите предизвици со кои се соочува.

Како едно ретко сочувано село со афтентична архитектура , некогаш локален зимски центар, Вишни и околината заслужуваат грижа и можности за квалитетен живот и еколошка одржливост. Наспроти тоа со години се соочуваат со кражба на шумите во нивниот атар и целосно соголување на шумските површини.  Покрај ова проблем кој има голем штетен ефект кон природната рамнотежа во околината, тука се и проблемите со инфраструктурата , која никако да стане приоритет, иако за целиот регион околу Вишни се изработени иницијативи и елаборати за прогласување на парк на природата , а самата планина Јабланица за Национален парк, се вели во рекацијата од МЗ Вишни.