Горан Андоновски е нов тренер на ГРК Охрид!
Некогашниот репрезентативец на Македонија кој го има најголемиот успех со овој клуб во ЕХФ купот потпиша 2 (две) годишен договор.
Помошник тренер ќе биде Наум Бабачев кој е дел од клубот од почетоците и како играч и како тренер на дел од младинските категории.
Претходно од клубот соопштија дека 11 (единаесет) ракометари го напуштаат клубот по истек на договорот.
Од следната сезона дресот на ГРК Охрид нема да го носат: Мице Шилегов, Филип Николов, Мартин Ивановски, Филип Кривокапиќ, Славчо Шулески, Мартин Манасков, Михајло Младеновиќ, Николче Ристески, Филип Грубор, Јагош Брауновиќ и Даниел Ацев.
извор: Охрид 24
Фото: Охрид 24