АктуелноОхрид

СПЦ ја призна афтокефалноста на МПЦ-ОА

Српскиот патријарх Порфириј од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје објави дека Саборот на Српската православна црква (СПЦ) ја прифаќа и признава автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

„Сега браќа и сестри кога дојдовме овде ви носиме уште една радост. Светиот архирејски Собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА и Соборот на нашата црква благословува, одобрува, прифаќа и признава автокефалност. Браќа и сестри во исто време, Светиот собор на нашата црква се става на должност на Синодот, заедно и во соработка со Архиепископот Стефан и неговиот Синод да ги разработат сите техничко-организациските детали и ќе следи свеченото прогласување на официјален акт, а потоа сите помесни православни цркви ќе бидат известени и ќе бидат повикани да го прифатат автокефалниот статус на МПЦ-ОА“, рече патријархот Порфириј.

Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ ставил на должност на Синодот во соработка со архиеписопот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт.

Фото: МИА