АктуелноОхрид

Пецаков: Големата Детската трка која се одржа денеска за мене носи тројна радост, како родител кој го бодри своето дете, како спортист кој ужива во спортска атмосфера и како градоначалник

Околу 500 првооделенци од сите охридски основни училишта беа дел од големата Детската трка која се одржа денеска на стадионот „Билјанини извори“ во организација на „Охрид ТрчаТ“.
Спортската манифестација чија цел е да ги промовира спортските навики кај најмладите и да ја подигне свеста за поголема физичка активност, беше поддржана од Делегацијата на ЕУ во нашата држава и од Општина Охрид. Официјалниот слоган на трката беше „Run andbe GREEN“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Овој прекрасен ден за мене носи тројна радост, најпрво како родител кој е тука да го бодри своето дете, како спортист кој ужива во ваква неповторлива спортска атмосфера и како градоначалник кој е неизмерно горд што неговиот град од година во година прераснува во спортски центар, што организира вакви спортски манифестации.Спортот дава мотивација и храброст и не збогатува со доблести кои се важни за развојот на една личност. Ова е еден од ретките настани кои имаат за цел да го промовираат спортот и здравите навики кај децата уште од најрана возраст, па затоазаслужува вистинско внимание и поддршка.
Благодарам на посветениот тим на „Охрид ТрчаТ“, кои со многу љубов и внимание ги планираале и ги организирале сите детали, за градскиот стадион да изгледа вака како што изгледа денеска.
Упатувам благодарност до Делегацијата на Европската Унија за поддршката на овојнастан и до сите верни покровители. Оваа можност ја користам да го честитам Денотна Европа со единствена порака дека преку градење на здрави животни навики можеда имаме здрава и напредна младина, која ќе може да го продолжи нашиот пат кон посветла иднина, во мир и толеранција. Општина Охрид и во иднина ќе продолжи да ги поддржува сите вакви проекти кои го јакнат спортскиот дух кај најмладите. Преку слоганот на овој настан испраќаме иважна порака за зачувување на животната средина, што е од особено значење за нашиот регион кој изобилува со уникатна природа која сите заедно мораме да ја заштитиме.
Ви посакувам секогаш да бидете вака радосни и насмеани! Трчајте, спортувајте, дружете се! Детството нека ви биде исполнето со среќни и незаборавни мигови, кои ќе бидат ваш мотив за многу успеси и ќе ве водат кон нови животни предизвици. Секогаш ќе ја имате мојата добра мисла и поддршка!