АктуелноОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ со честитка за Рамазан Бајрам

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите припадници на исламската вероисповед им упатува најискрени честитки по повод големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам.

Рамазан Бајрам е празник на солидарноста и ден за споделување на добриот збор со пријателите, повод за повеќе внимание на сиромашните, децата без родители и на осамените.

Празник на триумф на доброто над злото, на моралот над неморалот, на вистината над лагата, на достоинството над нечесноста, на божественото над сатанското.

Жедта и гладта за време на постот ја зајакнуваат грижата за човекот, но и чувството на мир, толеранција, хуманизам и солидарност.

Различните вери и почитувањето, негувањето на мирот и благосостојбата се од особен интерес за доброто на сите, за светла иднина на Охрид и за успешна Македонија.

Посакуваме добро здравје, радост и хармонија!

Честит Рамазан Бајрам!


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид