АктуелноОхрид

(ФОТО) Детскиот хор Св.Никола од село Враништа во посета на Бигорскиот манастир

Изминатиов викенд детскиот хор Св.Никола од село Враништа беше во посета на големиот духовен центар во Западниот дел на Македонија, Бигорскиот манастир.
-На 10.04.2022 година Недела во посета на Бигорскиот манастир Св.Јован Крстител и метохот Св.Георгиј Победоносец с.Рајчица. Остваривме уште едно поклоничко патување но овој пат со најмладите парохијани редовните песнопојци на светите богослужби во Соборниот Храм Св.Никола с.Враништа. Ја користам можноста да им се заблагодарам на членовите од Црковното Настојателство, како и на сите оние кои несебично помогнаа со свои донации да биде реализирано истото. Посебно големо благодарам до вас родителите за доверената ми доверба за вашите дечиња.Господи умножиго со нови рожби нашето благочестиво и богољубиво стадо Христово, истакна  отец Ристе Наумоски, кој ја предводеше посетата на овие свети места.