АктуелноОхрид

Денеска во Охрид 4 нови случаи на КОВИД 19, починато едно лице

Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.285 тестови, а регистрирани се 202 нови случаи на КОВИД-19: копје – 117, Битола – 24, Кавадарци – 15, Прилеп – 10, Куманово – 6, Охрид – 4, Тетово, Струмица, Ресен и Делчево – по 3, Велес, Штип и Кичево – по 2, Гостивар, Кочани, Неготино, Свети Николе, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (202), регистрирани се 35 реинфекции.
Регистрирани сe 201 оздравен пациент од: Скопје – 133, Битола – 22, Прилеп – 11, Куманово и Охрид – по 7, Струмица – 6, Тетово – 4, Кочани – 3, Кичево и Делчево – по 2, Струга, Ресен, Кратово и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица, по едно починато лице од Скопје (79г) и едно починато лице од Охрид (90г), двете лица се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (2) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
МЗ