АктуелноОхрид

Жител на Радолишта во Струга држел затворена државјанка на Шпанија, ја принудувал и на сексуални односи

По преземени мерки, а по барање на Интерпол Шпанија, на 04.04.2022 година, полициски службеници од полициската станица Струга и Секторот за меѓународна полициска соработка, во хотел во Струга, ја пронајдоа К.М.Т. (39) од Шпанија. Како што пријавила таа, во Струга пристигнала преку Тирана по претходен договор со 29 маж од селото Радолишта, струшко, по што тој  без нејзина согласност, неколку дена ја држел затворена во хотелска соба во хотел во Струга и ја присилувал на сексуални односи. На 04.04.2022 околу 21.30 часот во полициската станица Струга тој приведен  и со него извршен е службен разговор. Известен е Јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.