Охриѓанецот Александар Минов стана државен првак на „Купот на Македонија“ во категоријата ФИЗИК ЈУНИОРИ и го освои второто место на истото натпреварување во категоријата ФИЗИК СЕНИОРИ.
Минов на натпреварот се појави со тежина од 70 килограми, а подготовките за ова ги започнал пред 6 месеци со тренерот Бобан Наумоски.
Минов настапи како дел од клубот „Project Fit“ од Скопје кој е воден од бодибилдерот и тренер IFBB PRO Мирко Петровски.
Александар Минов има 21 година, подготовките ги зпочнал на 9 октомври 2021, по пауза од 6 месеци. Со бодибилдинг се заниамва неколку години и до сега се појавил на два натпревари.