АктуелноОхрид

Во Охрид има 51 428 жители

Вкупното резидентно население на Република Северна Македонија, на 5 септември 2021 година изнесуваше 1 836 713 жители. Од нив, 50.4 % се жени, а 49.6 % се мажи.
Според возрасната структура, најголем процент од населението 7 % – се во возрасната група од 40-44 години.
Куриозитет е што во Северна Македонија е попишанo 51 лицe на возраст над 100 години.

Според изјаснувањето за етничка припадност, 58.44 % проценти од населението се изјасниле како Македонци, 24.30 % проценти како Албанци, 3.86 % како Турци, 2.53 % како Роми, 0.47 % како Власи, 1.30 % како Срби и 0.87 % како Бошњаци и др.

Според религиската припадност 46.14 % се изјасниле како православни, 32.17 % како муслимани (ислам), 0.37 % како католици, а во овој Попис се појавија и други религиски заедници кои ги немаше во претходните пописи, а тоа се: евангелско протестантски христијани, агностици, будисти и други.

61.38 % од попишаното население се изјасниле дека мајчин јазик им е македонскиот, 24.34 % албански мајчин јазик, 3.41 % турски, 1.73 % ромски, 0.17 %, влашки, 0.61 % српски и 0.85 % босански јазик. Бројот на домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови на домаќинствата изнесува 3.06.

Што се однесува за Охрид, според пописот вкупно резидентно население кое живее во Охрид е 51 428, има вкупно  18 368 домаќинства и 33 660 станови. Од попишаното 51 428 население, 40 488 се изјасниле Македонци, 1 942 Албанци, 1 831 Турци, 232 Роми…

Вкупно Мажи во Охрид има 25 231, а жени 26 197.

Мноштво детални податоци од Пописот 2021 можете да најдете во Макстат базата на податоци на веб-страницата www.stat.gov.mk