петок, ноември 29, 2024
АктуелноОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: Крлеска Деспотоска нека ја праша Лазареска колку поскапе струјата и дали ова значи дека ќе поскапи и водата?

Граѓаните се уморни од лица како Крлеска-Деспотоска и тие околу неа. Крлеска-Деспотоска да се заврти надесно и нека го праша Директорот на државното претпријатие ,,Колектор” колку и дали цената на колекторот е поскапена двојно?
Нека се заврти налево и нека ја праша Жаклина Лазаревска колку е поскапена цената на струјата, на горивата, на плинот?
Но може да ја сфатиме Крлеска-Деспотоска дека не чувствува економска криза бидејќи Владата за едни дели пари и враќа долгови на блиски фирми до неа за разлика од обичните граѓани.
Во нивниот паралелен свет тече мед и млеко, а во реалниот свет на обичните граѓани има беспарица, невработеност и сиромаштија која расте, велат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението во целост:

Крлеска-Деспотоска да одговори дали поскапената цена на струјата ќе значи и поскапување на водата за пиење?
Сите знаат дека СДСМ ја покачи цената на струјата за 30% само Крлеска-Деспотоска не.
Да ја потсетиме дека ефектите од нивните лоши политики се поголема сиромаштија, уништен стандард, најнизок раст на економија и зголемен долг.
Што да се очекува од истите луѓе, истите лаги, истото потценување на граѓаните.
Предвремени парламентарни избори за да се ослободат државните институции од канџите на СДСМ.